На Волстрит во вторникот индексите Dow Jones и S&P 500 достигнаа ново рекордно ниво, бидејќи се очекува намалување на каматните стапки во септември, па цените на акциите растат најмногу во оние сектори кои би можеле да имаат најголема полза од пониските трошоци за задолжување.
Индексот Dow Jones зајакна 1,85 отсто, на 40.954 поени, додека S&P 500 порасна за 0,64 отсто, на 5.667 поени, а Nasdaq 0,20 отсто, на 18.509 поени.
Новите рекорди на Dow Jones и S&P 500 беа главно поттикнати од очекувањата дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки во септември, бидејќи инфлаторните притисоци се намалуваат додека економскиот раст забавува. Тоа го покажаа и вчерашните податоци за продажбата на мало, која бележи пораст, но побавно од претходните месеци. Ова ги поддржа надежите дека американската економија ќе избегне рецесија, и покрај високите каматни стапки.
„Последните податоци покажуваат дека економскиот раст забавува, но не со алармантни стапки. Банката на федерални резерви може да види што точно сака – економијата забавува, но не премногу, не премногу брзо“, објаснува Том Хејнлин, стратег во компанијата „U.S. Bank Wealth Management“.
По неколкумесечниот силен раст на цените на акциите на технолошките компании, последните денови нивниот раст е забавен, додека цените на акциите на оние сектори и компании кои би можеле повеќе да имаат корист од намалувањето на каматните стапки растат побрзо. Токму затоа, на пример, индексот Russell 2000, кој ги вклучува акциите на малите компании и кој во однос на растот годинава е значително зад клучните американски берзански индекси, последните пет дена порасна за повеќе од 1 отсто.
Изминативе денови во фокусот на инвеститорите се кварталните деловни резултати на компаниите и банките. Вообичаено, повеќето од нив пријавуваат поголема заработка од очекуваната, но тоа според аналитичарите е и поради поставување на многу нискиот праг.
И на европските берзи вчера паднаа цените на акциите. Лондонски FTSE индексот ослабе за 0,22 отсто, на 8.164 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,39 отсто, на 18.518 поени, а париски CAC 0,69 отсто, на 7.580 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.