Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц се соочува со нова серија обвиненија за корупција. Обвиненијата се однесуваат на изборна кампања и манипулација на гласачкото тело со јавни средства. Ова е во прилог на тековните истраги на специјалниот обвинител поврзани со корупција и поткуп што се водат против него, пренесува „Еурактив“.

Курц, кој во два наврата беше канцелар на Австрија, моментно е под истрага на Обвинителството за економски прашања и корупција за наводно поткупување разни медиуми за да добие поволно известување во замена за промена на законот.

Портпаролот на Курц најави дека станува збор за „измислени обвинувања, кои немаат основа“.

Курц поднесе оставка како канцелар кога истрагата на Обвинителството почна во октомври 2021 година.

Обвинувањата датираат од 2016 година кога тој сè уште беше министер за надворешни работи. Според Обвинителството, Министерството за финансии користело и даночни пари за да плати за анкети што го прикажувале Курц во позитивно светло.

Ова е една од неколкуте истраги за корупција што ја погодија Австрија во последните години почнувајќи од аферата „Ибица“, што доведе до пад на владата во 2019 година.

Како резултат на тоа, Австрија продолжи да паѓа на индексот на корупција на „Транспаренси интернешнл“ за 2022 година и е на последните 20 места на листата на најмалку корумпирани земји, со најлош резултат од 2014 година, според бриселскиот портал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.