Израелската армија изутринава изврши нови напади врз упориштата на проиранското движење Хезболах во јужните предградија на Бејрут, по повикот до населението да се евакуира, пренесува Бета.
Облаци чад се издигнуваат над јужните предградија на либанската престолнина.
Пред нападот, портпаролот на израелската армија ги предупреди жителите на населбата Харет Хреикда да се евакуираат преку социјалната мрежа Х.
Бомбардирањето на цели во Либан започна на 23 септември, а израелската армија тргна во копнена офанзива на југот на земјата на 30 септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.