Вулканот Стромболи на истоимениот јужен италијански остров во Тиренското море денеска еруптираше исфрлајќи лава, пепел и облаци од чад. Нема повредени и не е причинета штета, соопшти Националниот институт за геофизика и вулканологија.

Новата ерупција ја продолжува интензивната вулканска активност во регионот на Сицилија од минатата недела, вклучувајќи ја и Етна, објави АНСА.

Институтот наведува дека ерупцијата траела околу три минути и предизвикала сеизмичка активност во околината на вулканот Стромболи, кој е еден од најактивните во светот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.