Новата експлозија одекнала околу 13 часот по московско време во рускиот град Белгород, каде што рано денеска, според локалните власти, украинските сили погодиле складиште за нафта, јавува „Ројтерс“ повикувајќи се на очевидци.

Утринава гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков, соопшти дека дошло до пожар во складиштето за нафта како последица на нападот на два украински хеликоптера, кои на мала височина влегле во рускиот воздушен простор.

Според портпаролот на итната помош, пожарот на три од шесте цистерни со дизел-гориво и бензин во меѓувреме е изгаснат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.