Норвешкиот премиер, Јонас Гар Стере, имал едночасовен телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин

Како што соопшти кабинетот на норвешкиот премиер, тема на разговор била Украина.

Побарав од претседателот итно да ја прекине војната во Украина, да ги повлече руските трупи и да обезбеди хуманитарен пристап. Имаме многу ограничени очекувања за тоа што би можело да се постигне, но ништо не треба да остане непроверено во ситуацијата во која се наоѓаме сега – изјави Стере, цитиран од „Ројтерс“.

Од кабинетот на неговиот кабинет соопштија дека телефонскиот повик се случил на иницијатива на Норвешка, откако Стере првпат разговарал за тоа со сојузниците во Европа и САД.

Норвешка е членка на НАТО која дели граница со Русија на Арктикот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.