Полицијата во Виена соопшти дека во неделата попладне бил уапсен 34-годишен Србин, откако побарал да му бидат вратени парите во јавна куќа, затоа што „не бил задоволен од услугата“, а потоа се заканил дека ќе го запали борделот, пренесува „Клајн цајтунг“.

Според портпаролот на полицијата Кристофер Верхњак, сексуалната работничка ,„не сакала да продолжи со услугите бидејќи човекот бил премногу брутален“. Потоа тој побарал да му се вратат парите, а кога вработените тоа го одбиле, тој станал уште понасилен.

Тој се заканил дека ќе го запали целиот бордел. Полицијата пристигнала на местото на настанот и веднаш го привела.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.