На прашањето за позицијата на Владата на Израел во однос на украинската криза, тој рече дека Тел Авив е во „уникатна“ ситуација, различна од, да речеме, Полска, Германија, Франција или која било друга западна земја која ѝ помага на Украина.
Нетанјаху нагласи дека воената граница со Русија е блиска, и дека израелските пилоти летаат заедно со руските над Сирија и дека тој верува дека е важно Тел Авив да ја задржи слободата на дејствување против обидите на Иран воено да се воспостави на северната граница на Израел.
Второ, ние сме загрижени дека секој систем што ќе и го дадеме на Украина ќе биде искористен против нас, бидејќи може да заврши во рацете на Иранците. Патем, тоа не е само теоретска можност, бидејќи тоа веќе се случи со западното противтенковско оружје што сега го наоѓаме на нашите граници. Затоа мора да бидеме многу внимателни – посочи Нетанјаху.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.