Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека е „посветен“ на враќање на преостанатите заложници дома, откако претходно денеска беше објавено дека израелските сили ги пронашле телата на тројцата заложници киднапирани од палестинската милитантна група Хамас.

Тој истакна дека неговото срце е „скршено“ од веста дека се пронајдени телата на Јицак Гелерентер, Амит Бускил и Шани Лук, пишува „Тајмс оф Израел“.

„Мојата сопруга Сара и јас тагуваме со семејствата. Ќе ги вратиме сите заложници – и живи и мртви. Им честитам на нашите храбри сили кои со решителна акција ги вратија нашите синови и ќерки дома“, рече Нетанјаху.

Претходно денеска портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), Даниел Хагари изјави дека се пронајдени телата на тројцата заложници киднапирани на музичкиот фестивал „Супернова“ во близина на кибуцот Реим утрото на 7 октомври, од каде биле однесени во областа Мефалсим.

Хагари вели дека таму биле убиени од членови на Хамас, а нивните тела потоа биле префрлени во Газа.

Меѓу пронајдените тела на заложниците е и телото на германско-израелската државјанка Шани Лук (22), која стана симбол на бруталниот напад на Хамас на музичкиот фестивал.

Војската ги идентификуваше другите две тела на 28-годишната Амит Бускила и 56-годишниот Јицак Гелерентер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.