Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, е пренесен во болницата Шеба во Тел Хашомер, потврдија од неговиот кабинет. Тие додадоа дека 73-годишниот Нетанјаху е во добра состојба и во моментов е на проценка. Според болнички извори, Нетанјаху изгубил свест додека бил дома и паднал удирајќи со главата.
The Jerusalem Post пишува дека Нетанјаху почувствувал и болки во градите. Меѓутоа, израелските медиуми јавуваат дека тој бил целосно свесен на пат кон болница, иако не се чувствувал добро.
Премиерот Нетанјаху пред кратко време пристигна во Медицинскиот центар Шеба. Тој е добро и му беше извршен медицински преглед“, изјави портпаролот на неговата канцеларија.
Инаку, Нетанјаху итно беше префрлен во болница во октомври минатата година, откако доживеа болки во градите. Тој потоа бил отпуштен од болница по нормализирање на наодите. Израелскиот лидер исто така беше подложен на „рутинска колоноскопија“ во јануари на почетокот на оваа година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.