Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го назначи Гидеон Сар, претходно министер без ресор, за нов министер за надворешни работи.

Неговиот претходник, Израел Кац, оди на позицијата на Јоав Галант,  кого Нетанјаху го разреши, објаснувајќи дека е нарушена меѓусебната доверба.

Кац како нов министер за одбрана претставува неочекуван избор, при што многумина го гледаа Сар како најверојатен кандидат за оваа функција. Нашироко се смета за ривал на Нетанјаху во десничарската конзервативна владејачка партија Ликуд, наведува германската агенција ДПА.

Во 2019 година, тој се кандидираше против Нетанјаху на внатрешните избори за партиското раководство, но загуби. Следната година го напушти Ликуд и основаше своја партија. Во последната влада под противниците на Нетанјаху Нафтали Бенет и Јаир Лапид, Сар беше министер за правда



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.