Полицијата во Непал уапси 10 лица поради сомневање дека на невработени млади им земале големи суми пари за патни визи, за потоа илегално да ги регрутираат во руската армија, изјави денеска висок полициски функционер.

Оваа недела Непал побара од Москва да престане да регрутација на неговите граѓани во руската армија и да ги врати претходно регрутираните Непалци во хималајската земја, откако беа убиени шестмина Непалци кои служеа во руската армија.

Началникот на полицијата во главниот град Катманду, Бупендра Катри изјави дека во притвор се 10 осомничени кои на главно невработени млади им наплатиле девет илјади американски долари и потоа преку Обединетите Арапски Емирати ги испратиле во Русија со „туристичка виза“, но таму ги чекало регрутирање во војска.

 Се работи за шверц на луѓе и организиран криминал. Разговараме за овој случај со државните адвокати и наскоро ќе ги изведеме пред судот, рече Катри.

Непал, држава меѓу Кина и Индија, исто така испрати барање до Русија, која е во војна со Украина од февруари минатата година, да обезбеди отштета за членовите на семејствата на Непалците убиени во руска униформа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.