Поддржувачите на опозицискиот блок на комунисти и социјалисти (БКС) денеска организираа протест во близина на владината зграда во Кишињев, главниот град на Молдавија.

Насобраните бараат оставка од Владата предводена од премиерот Дорин Речан и нагласуваат дека се незадоволни од економската политика. Дополнително, демонстрантите бараат да им се исплатат платите на државните службеници и да се откаже од приватизација на државниот имот.

Активистите на БКС се собраа по втор пат од почетокот на февруари на антивладиниот протест во центарот на Кишињев.

Опозициските партии во Молдавија одржуваат протести од мај 2022 година, инсистирајќи на оставка на Владата и претседателката Маја Санду, која е неформален лидер на владејачката партија Акција и солидарност.

Демонстрантите ја обвинуваат владата дека не се справила со кризата во економскиот и енергетскиот сектор, како и дека врши притисок врз опозициските партии.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.