Британскиот премиер Кир Стармер и германскиот канцелар Олаф Шолц рекоа дека нема „нови одлуки“ ниту од Велика Британија, ниту од Германија во однос на употребата на оружје донирано од двете земји на Украина.
Говорејќи на прес-конференција во Берлин утринава, Стармер им рече на новинарите дека нема „да навлегува во тактички прашања во врска со употребата на оружје“, но „нема нови одлуки“ на прашањето дали тој и Шолц разговарале за укинување на ограничувањата за оружјето на Украина што би овозможило нивно користење на руска територија, пренесе ДПА.
– Ние дававме поддршка и оружје на Украина во согласност со пристапот на другите клучни сојузници, вклучително и Германија. Го поддржавме пристапот и рамката што ја предложи претходната влада во Велика Британија кога бевме во опозиција, и доследно дејствуваме во Владата и затоа сум многу јасен дека не се донесени нови или поинакви одлуки, рече Стармер.
Шолц, исто така, рече дека „нема нови одлуки од Германија“ за ова прашање и дека земјата „ќе продолжи“ со својата поддршка за Украина.
– Германија е еден од големите поддржувачи на Украина во Европа, во Европа ние сме најголемиот придонесувач. Ќе ја продолжиме оваа поддршка, нагласи Шолц.
– Што се однесува до резервите на оружје, нема нови одлуки од Германија, додаде германскиот канцелар.
Стармер е во дводневна посета на Берлин, а ќе замина е на состаноци во Париз.
Тој во Германија ги поставува плановите за нов договор со нацијата како дел од поширокото „ресетирање“ на односите со Европа, јави ДПА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.