Во Лас Вегас на 76-годишна возраст почина Орентал Џејмс Симпсон, познат само како О Џеј Симпсон. Последните денови од животот О Џеј Симпсон ги поминал со своето семејство во Лас Вегас. Тој боледувал од рак на простата, а состојбата му се влошила последните неколку месеци.
О Џеј Симпсон е поранешен великан на американскиот фудбал, но најпознат стана по судењето за двојното убиство на поранешната сопруга Никол Браун Симпсон и нејзиниот пријател Рон Голдман во 90-тите години.
Симпсон пред три децении беше ослободен од обвинението за двојно убиство што ја шокираше Америка. Сепак, тој заврши во затвор за вооружен грабеж, напад со смртоносно оружје и десет други злосторства извршени во 2007 година во хотел во Лас Вегас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.