Бао Фан, извршен директор на инвестициската банка China Renaissance Holdings, е недостапен веќе неколку дена, соопшти вчера компанијата, а пренесе BBC.

Бао беше водечки деловен брокер во Кина, а неговите клиенти беа врвните технолошки компании Didi и Meituan. По објавувањето на неговото исчезнување, акциите на China Renaissance паднаа за 50%. Компанијата не прецизираше колку долго не е во контакт со Фан. Кинеските деловни вести Caixin цитираат извори кои велат дека персоналот не можел да контактира со него два дена.

Многумина се загрижени дека ова е пресметка меѓу кинеските власти и деловните и технолошките лидери. Бао ја основа China Renaissance во 2005 година. Оттогаш, компанијата прерасна во една од водечките финансиски институции во Кина – склучувајќи зделки и спојувања со неколку технолошки компании во земјата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.