Пекинг и Москва ќе ја продолжат соработката во рамките на големите стратешки проекти во енергетската сфера со цел да ги зголемат взаемните придобивки, најави кинескиот амбасадор во Русија, Џанг Ханхуи.
Во интервју за ТАСС, Џанг изјави дека Кина и Русија ќе продолжат да работат заедно на „продлабочување на сеопфатна соработка во областа на истражување и производство на традиционални енергетски ресурси, нивна преработка и продажба на готови производи“.
Кинескиот дипломат посочи дека сето тоа се прави со цел „да се постигне најголема можна комплементарност кога станува збор за предностите што ги имаат двете земји“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.