Синоќа полицијата на авенијата Шанзелизе, традиционалното собиралиште на навивачите, ги растера мароканските навивачи кои ја славеа победата на својата селекција во натпреварот против Португалија во четвртфиналето на Светското првенство во Катар.

Медиумите пренесуваат дека се собрале околу 20.000 луѓе.

Полицијата употреби против нив солзавец и шок бомби, при што беа приведени 42 лица.

Мароко ја победи Португалија со резултат 1:0 и со тоа влезе во историјата на светските фудбалски првенства како прва африканска земја во полуфиналето на Светското првенство.

Во полуфиналето ќе играат против Франција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.