Војната во Украина се уште е во полн капацитет, а после обидот за побуна во Русија, некои работи би можеле да променат и тоа не во полза на Киев. На пример, Јевгениј Пригожин би можел да го предводи руското напредување од Белорусија на Киев.

Како што тврди војниот експерт Шон Бел, последиците од неуспшниот марш за правда на Вагнер кон Москва, предизвикува повеќе прашања отколку одговори.

Со оглед на искуството на Пригожин, тешко е да се поверува дека тој би тргнал на Москва со намера да симне Путин, што го наметнува прашањето, зошто го направи тоа?Едно објаснување е дека Путин однапред го поставува Пригожин и неговата група платеници, подготвени да го следат неговиот успех во завземањето на Бахмут, спроведувајќи го новиот бран напади на Киев – вели Бел за Скај њуз.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.