Претседателот на Шри Ланка Готабаја Раџапакса одлучи да се повлече од функцијата на 13 јули, објави денеска парламентарниот спикер Махинда Јапа Абејвардена.

Соопштението е објавено откако демонстрантите побараа од претседателот и премиерот да поднесат оставка. Тие упаднаа во резиденцијата и канцеларијата на претседателот и ја запалија приватната резиденција на премиерот.

„На претседателот му треба време да поднесе оставка за да обезбеди непречена транзиција на власта“, рече Абејвардена во изјавата емитувана на телевизија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.