Нема индикации дека вчерашното пукање во трговски центар во Копенхаген е терористички чин, изјави шефот на полицијата Сорен Томассен.
Тој додаде дека осомничениот, кој се уште не е идентификуван, има историја на психички проблеми.
22-годишен Данец синоќа застрела три лица и рани неколку други во трговски центар во Копенхаген. Полицијата соопшти дека жртвите се двајца дански државјани на 17 годишна возраст и 47-годишен руски државјанин. Двајца Данци и двајца Швеѓани се во критична состојба и се наоѓаат во болница.
Напаѓачот и се предал на полицијата без да пружи отпор и бил уапсен само неколку минути по пукањето во трговскиот центар Филд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.