Во рускиот ракетен напад  врз градот Чернихив на северот на Украина, денеска загинаа најмалку седум луѓе и над 110 се ранети.

„До 15 часот и 25 минути во терористичкиот напад на центарот на Чернихив загинаа седум луѓе и повредени се 117 лица“, објави на „Телеграм“ Олександр Ломако, вршител на должноста градоначалник на Чернихив.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој денеска престојува во Шведска, ја осуди Русија за нападот врз станбени згради, театар и универзитет во Чернихив.

„Имаме терористичка држава (Русија) во нашето соседство, го обединуваме целиот свет против неа. Руска ракета погоди точно во центарот на градот“, напиша тој на Телеграм.

Зеленски е во прва посета на Шведска од почетокот на руската инвазија врз Украина минатата година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.