Најмалку четири лица загинаа, а 14 се повредени, а 19 се водат како исчезнати во пожар во 14-катна станбена зграда во шпанскиот град Валенсија.

Можеме да потврдиме дека има четворица загинати, изјави, заменик-директор на службите за итни случаи за регионот на Валенсија, Хорхе Суарез Торес.

Претходно итните служби известија дека 14 лица се згрижени со повреди од различен степен, помеѓу повредените е и едно седумгодишно дете. Шест од повредените се пожарникари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.