Повеќе од 4.620.000 луѓе, на еден или друг начин, се погодени од налетот на тропската бура „Налге“ низ Филипините, јави ТАСС, повикувајќи се на објавениот извештај на филипинските власти.

Во извештајот се наведува дека во невремето загинале 156 лица, а 141 се повредени. Вкупно 37 се водат за исчезнати.

Над еден милион луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови и моментално се наоѓаат во 954 центри за евакуација.

Невремето оштетило 31.500 станбени згради, а целосно уништи 3.100.

Штетата на 722 инфраструктурни објекти е проценета на 73.880.000 американски долари.

Оштетени се 508 патишта и 120 мостови. Проблеми со електричната мрежа има во 359 градови.

Бурата „Налге“ минатата недела погоди делови од Филипините, а најголем дел од штетите и жртвите се забележани во автономната област „Бангаморо“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.