Најмалку 14 возови на „Еуростар“ денеска не сообраќаат меѓу градовите во континентална Европа и Велика Британија беа поради затворањето на пругата во близина на Лондон, соопшти компанијата.

Поради инфраструктурен проблем на линијата за супер брзи возови во близина на Лондон, принудени сме да откажеме некои линии што поаѓаат од Лондон и чија дестинација е Лондон, напиша компанијата „Еуростар“ на своите мрежни станици.

Овие откажувања, кои се случуваат за време на еден од најпрометните викенди во годината, ќе заглават илјадници патници.

Според британската новинска агенција PA, железничкиот сообраќај е во прекин поради поплавен тунел на југот на Англија. Линиите ќе бидат во прекин до крајот на денот бидејќи се очекуваат обилни врнежи.

Патниците од возовите на „Еуростар“ на 21 декември се соочија со голем број откажани линии поради штрајкот што го парализираше тунелот под Ла Манш.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.