Австриските медиуми детално пишуваат за обидот за терористички напад на концертот на пејачката Тејлор Свифт. Весникот „Кроне“ пишува дека истрагата е во полн ек, а 19 и 17-годишниот се родени во Австрија, а родителите на постариот имаат корени од Македонија.

19-годишникот Мухамед од Македонија ја напуштил работата и на полицијата ѝ рекол дека „има големи планови“.

Мохамед подоцна кој е уапсен во Терниц, Долна Австрија. Двајцата се подготвувале за нападот во неговата куќа. При претресот на куќата биле запленети неколку хемиски супстанци и технички уреди. Хемикалиите ги зел од неговиот поранешен работодавец, компанија за обработка на метали. Експлозивот бил уништен на лице место.

 

Извор „Кроне.ат“

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.