Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, изјави дека САД не разбраат зошто руските вооружени сили одлучиле да употребат хиперсонична ракета за време на воената акција во Украина.

Кирби за време на прес-конференцијата потврди дека во најмалку еден случај била истрелана руска хиперсонична ракета.

Интересно е што тоа го избраа во нападот врз фиксната градба. Кога ќе го погледнете опсегот на хиперсонични проектили и релативно блиската цел, тешко е да се знае кое е точното оправдување за тоа. Нејасно е кои биле нивните намери – изјави Кирби.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков, претходно соопшти дека руските сили користеле хиперсонични ракети „Кинжал“ во напад на големо складиште за гориво во регионот Николаев во Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.