Велика Британија се соочува со сериозни економски предизвици и има потреба од стабилност и единство, изјави денеска Риши Сунак, во својот прв јавен говор откако беше прогласен за лидер на владејачката Конзервативна партија и иден премиер.
Нема сомнеж дека се соочуваме со голем економски предизвик – рече Сунак.
Тој истакна дека на Британија сега и треба стабилност и единство и оти негов приоритет ќе биде да ги зближи Конзервативната партија и земјата.
Се колнам дека ќе ви служам со интегритет и понизност – изјави Сунак.
Тој додаде дека континуирано ќе работи во корист на британскиот народ.
Сунак рече дека му е чест што ја има поддршката од своите колеги пратеници и што е избран за лидер.
Најголемата привилегија во мојот живот е што можам да и служам на партијата што ја сакам и да и вратам на земјата на која и должам толку многу – нагласи тој.
Сунак во говорот и оддаде признание на Лиз Трас за нејзиното достоинствено лидерство во тешки околности во странство и дома.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.