Нобеловата награда за хемија денеска им беше доделена на Мунги Бавенди, Луис Брус и Алексеј Екимов за нивната работа на мали квантни точки, наночестички толку ситни што нивната големина ги одредува нивните својства.

Денешното доделување на Нобеловата награда го најави Ханс Елегрен, генерален секретар на Шведската кралска академија на науките.

Квантните честички имаат уникатни својства и ја шират својата светлина во секојдневните уреди што ги користиме, на пример од телевизиски екрани и од LED светилки



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.