Еквадорскиот претседателски кандидат Фернандо Вилависенсио беше застрелан на крајот од предизборниот митинг синоќа во Кито, а извршителот на убиството набрзо беше идентификуван, но им подлегна на повредите при апсењето. На видеата од предизборниот митинг, објавени на социјалните мрежи, се гледа како луѓе трчаат и врескаат додека се слушаат пукотници во кои е убиен 59-годишниот претседателски кандидат.
Осомничениот сторител починал од повредите здобиени при апсењето, соопштија од Канцеларијата на главниот државен обвинител на платформата Икс.
Партијата Movimiento Construye Villavicencio објави на Икс дека вооружени лица ги нападнале нејзините канцеларии во Кито.
„Во спомен на неговата борба, ве уверувам дека ова злосторство нема да остане неказнето“, напиша претседателот Гиљермо Ласо на социјалната мрежа. Тој додаде дека организираниот криминал во земјата „отишол предалеку“ и им порача на сторителите дека „целата тежина на законот ќе падне врз нив“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.