Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус предупреди дека „може да има закана од војна во Европа“ додека го бранеше одговорот на неговата администрација на новите закани, вклучувајќи ја руската агресија и војната на Блискиот Исток. Говорејќи за германскиот радиодифузер ZDF, Борис Писториус, член на Социјалдемократската партија на канцеларот Олаф Шолц, рече дека нациите како Германија ќе мора да ја зголемат способноста на нивните вооружени сили да го одржат мирот во регионот и да го променат својот менталитет на оној „каде војната е можна “.
Триесет години мировни дивиденди, 30 години без Варшавскиот пакт како закана значеа дека Бундесверот, како и другите вооружени сили, не се во состојбата во која инаку би биле, рече Писториус.
Од почетокот на конфликтот во Украина, некои европски земји ги зголемија трошоците за одбрана, а НАТО ги зајакна силите распоредени долж источното европско крило кое граничи со Русија. Набргу по инвазијата на Москва, Шолц најави зголемување на германските воени трошоци за 100 милијарди евра.
Не можете да ги надоместите тие трошоци за 19 месеци, ниту преку производство, ниту преку набавки, ниту преку ништо друго. Нашиот стандард за подобрување на одбраната треба да биде побрз и поенергичен, рече Писториус.
Германскиот министер за одбрана, предупреди дека Европа мора да навикне на фактот дека има закана од војна и да биде подготвена за неа.
Мораме да се навикнеме на идејата дека може да има закана од војна во Европа. И тоа значи дека треба да станеме способни за војна, да бидеме подготвени за војна и да го подготвиме Бундесверот и општеството за тоа, истакна Писториус.
Запрашан за загриженоста дека Германија, која бележи висока инфлација од пандемијата, не се прилагодува доволно брзо на заканата од војна, Писториус рече:
Сè што е растурено за 30 години не може да се надомести за 19 месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.