Институтот за вулканологија на Руската академија на науките предупреди дека на полуостровот Камчатка во рок од 24 часа можен е нов земјотрес со интензитет од девет степени според Рихтеровата скала.

Предупредувањето е издадено откако на Камчатка денеска беше регистриран земјотрес со интензитет од седум степени, по што еруптираше вулканот Шивелуч, исфрлајќи пепел во висина од пет километри.

Исто така еруптираше и вулканот Ебеко на Курилските Острови и исфрли пепел до висина од 2,5 километри.

Но, не е експлицитно наведено дали земјотресот ги предизвика ерупциите на вулканите.

Полуостровот Камчатка е едно од сеизмички најактивните области во светот поради дејството на пацифичките и северноамериканските тектонски плочи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.