Во Италија по 30 години бегство е уапсен главниот бос на сицилијанската мафија Матео Месина Денаро, по кого италијанските власти трагаат по убиството на обвинителот Џовани Фалконе, јавуваат италијанските медиуми.

Месина Денаро наводно е шеф на сицилијанската мафија Коза Ностра.

Денаро, наречен „Дијаболик“, беше уапсен во приватната клиника „Мадалена“ во Палермо додека се подготвуваше „да оди на терапија“, рече командантот на карабинерите.

Тој е син на стар мафијашки бос и е во бегство од 1993 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.