Конвој автомобили од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) тргна од Киев кон нуклеарната централа Запорожје, во југоисточниот дел на Украина, јавија британските меидуми, повикувајќи се на сведок од местото на настанот.

Не е познато за кога е планирано мисијата на МААЕ да пристигне до најголемата нуклеарна централа во Европа, што сега е под контрола на руските сили.

Руската и украинската страна меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на областа на нуклеарната централа.

Постојаниот претставник на Русија во меѓународните организации во Виена изјави дека мисијата на МААЕ веќе отпатувала во регионот Запорожје, пренесоа руски медиуми.

Оттаму додаваат дека мисијата на МААЕ е придружувана од тим претставници на ОН.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.