Германскиот канцелар Олаф Шолц мора веднаш да побара гласање за доверба на неговата влада во парламентот и да не чека јануари како што предложи, изјави денеска лидерот на германските опозициски конзервативци (ЦДУ) Фридрих Мерц.

Коалицијата повеќе нема мнозинство во германскиот Бундестаг (Долниот дом на Парламентот) и затоа апелираме до канцеларот веднаш да побара гласање доверба, најдоцна до почетокот на следната недела, изјави Мерц, пренесе Тагешау.

Германската Слободна демократска партија (ФДП) објави дека ќе ги повлече сите свои министри од германската федерална влада, откако канцеларот Олаф Шолц вчера го разреши министерот за финансии и лидер на партијата, Кристијан Линднер.

Со ова, како што наведуваат германските медиуми, ФДП ха растури владејачката коалиција.

Шолц најави дека ќе побара гласање доверба на владата на 15 јануари во Бундестагот и додаде дека нови избори може да се одржат најдоцна до крајот на март 2025 година. Овој свој став тој го образложи со потребата од носење нови закони во декември и побара од Мерц да соработува за ова прашање, додава Тагешау



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.