Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја брани претходната одлука за поврзаноста на Германија со рускиот гас и вели дека не се кае.

Од перспектива на времето, беше многу рационално, разбирливо, да се увезе гас од Русија, кој беше поевтин од течниот нафтен гас од другите делови на светот – САД, Саудиска Арабија, Катар“, рече Меркел на состанокот на Фондацијата Калусте Гулбенкијан во Лисабон.

Германските медиуми јавуваат дека Меркел рекла дека при трансформацијата било јасно дека на Германија и треба гас, за еден ден целосно да се сврти кон други извори на енергија кои не и штетат на климата,пренесе Танјуг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.