Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел доби награда од Агенцијата за бегалци на ОН за нејзината улога во начинот на кој Германија прифати повеќе од 1,2 милиони бегалци во 2015 и 2016 година, објави УНХЦР.

Д-р Меркел покажа што може да се постигне кога политичарите дејствуваат правилно и работат на изнаоѓање решенија за светските предизвици наместо само да ја префрлаат одговорноста на другите“, се вели во соопштението за печатот.

Наградата Нансен за бегалци, која годишно ја доделува УНХЦР, е во вредност од 150.000 американски долари.

Го носи името на Фриџоф Нансен, норвешки поларен истражувач и хуманитарец кој ја доби Нобеловата награда за мир во 1992 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.