Италијанскaтa премиерка Џорџа Мелони во средата сведочеше на судењето на двајца мажи кои произведувале и дистрибуирале лажни, т.н. „deepfake“ порно-видеа со нејзиниот лик.

Премиерката преку видео повик се обрати пред судот во Сасари, на Сардинија, инсистирајќи дека одговорните за лажните инсценирани снимки мора да бидат казнети.

„Тоа е форма на насилство врз жените“, рече Мелони.

Обвинети се 40-годишен маж, кој е осомничен дека ја монтирал лажната снимка и неговиот 73-годишен татко. Според обвинението, видеата биле објавени на американска порнографска веб-страница, каде што биле прегледани „милиони пати“ во текот на неколку месеци, а датираат од пред таа да стане премиер во 2022 година.

Во лажните видеа двојката го ставила лицето на италијанската актерка на телата на порно-актерките.

Двајцата осомничени се обвинети за клевета, а според италијанскиот закон, некои случаи на клевета може да бидат кривично гонети, па дури и да носат затворска казна.

Мелони бара отштета во висина од 100.000 евра.

Адвокатскиот тим на италијанската премиерка соопшти дека доколку барањето за отштета биде успешно, тие ќе ја донираат сумата во фонд за поддршка на жените кои биле жртви на насилство.

„Ефектот на тие видеа врз мене е неподнослив. Неподносливо е за никого, особено за некој како мене кој секојдневно се бори против насилството врз жените“, рече Мелони.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.