Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска изјави дека Русија може лесно да го врати мирот во Украина во секое време, како што рече, со повлекување од нелегално окупираните територии.

„Потребно е враќање на целосниот територијален интегритет и суверенитет на Украина“, рече Мелони за време на говорот на виртуелниот самит на Г20.

Според извори во резиденцијата на италијанската премиерка, таа испратила нова осуда за постапките на Москва, поради, како што додаваат изворите, „сериозните последици и штети предизвикани за најсиромашните земји“.

Изјавата на Мелони дека Русија лесно може да ја запре војната во Украина следува по говорот на рускиот претседател Владимир Путин, кој во обраќањето на Самитот на Г20 рече дека треба да се размислува како да се врати мирот во Украина, заради запирање на „трагедија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.