Тим правни експерти што го истражуваат уништувањето на браната Нова Каховка соопштија дека е „многу веројатно“ дека Русија е одговорна за инцидентот што ја предизвика големата поплава.
Според прелиминарните наоди, Русија најверојатно поставила експлозиви на браната, според истражителите од меѓународната адвокатска фирма за човекови права Глобал рајтс комплајанс, која им помага на украинските обвинители.
Тие на 10 и 11 јуни го посетија регионот Херсон со тим од Меѓународниот кривичен суд и украинскиот државен обвинител. Меѓу нив беше и Јусуф Сајед Кан, адвокат во Глобал рајтс комплајанс, кој рече дека наодот дека браната била урната со експлозив претходно поставен од руска страна е „утврден со веројатност од 80% и повеќе“.
Тие ја отфрлија теоријата дека катастрофата можела да биде предизвикана само од лошо управување со браната.
Русија и Украина заемно се обвинуваа за пробивањето на браната претходно овој месец, но експертите го вперуваат прстот кон Москва.
Инспекторите рекоа дека уништувањето на браната може да претставува кривично дело изгладнување и може да биде дел од пошироко злосторство против човештвото, но групата сè уште не ја донела таа одлука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.