Заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, говорејќи за можноста за напад врз воените бази на НАТО изјави дека во случај на ескалација на конфликтот во Украина, не може да се исклучи ниту едно сценарио.

Во овој момент, ако конфликтот се развие според сценариото на ескалација, ништо не може да се исклучи, бидејќи земјите-членки на НАТО, всушност, се целосно вклучени во овој конфликт, рече Медведев во интервју за ТВ каналот Ал Арабија.

Тој ова го изјави одговарајќи на прашањето дали во случај на нови напади од Украина координирани и иведени со западно оружје, се можни напади врз воени центри на територијата на Полска и Романија.

Тој изјави дека во услови на она што се случува не може да се исклучи ниту едно сценарио, дури и „најкомплексно и најтажно“.

Истовремено, Медведев нагласи дека Русија не би сакала вакво сценарио.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.