Заменик претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев во Пекинг се сретна со кинескиот лидер Шји Џинпинг, соопшти денеска Советот за безбедност.
Во соопштението се наведува дека Медведев на кинескиот лидер му пренел порака од рускиот претседател Владимир Путин. Во соопштението се нагласува дека пораката укажува на невидено ниво на дијалог и соработка меѓу двете земји и изразена увереност во натамошниот развој на меѓудржавните односи.
Медведев му честиташе на Шји за неговиот реизбор за кинески лидер и посочи дека разговарале за прашањата за соработката меѓу партијата Единствена Русија и Кинеската комунистичка партија и меѓународните прашања како што е конфликтот во Украина.
„ Разговорите со Џинпинг беа многу корисни – нагласи Медведев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.