Високи руски функционери денеска продолжија да ги обвинуваат САД и Западот за одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да го суспендира договорот за контрола на нуклеарното оружје Нов СТАРТ.

Поранешниот руски претседател и близок соработник на Путин, Дмитриј Медведев, кој во моментов е заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, вели дека потегот бил задоцнет бидејќи, како што тврди, САД и НАТО практично ѝ објавиле војна на Русија.

Ние бевме принудени да ја донесеме оваа одлука поради војната што Америка и другите членки на НАТО ѝ ја објавија на нашата земја. Оваа одлука ќе има огромно влијание во светот, особено во САД, објави Медведев на својот канал на Телеграм.

И шефот на руската Дума, долниот дом на парламентот, исто така ги обвини САД за суспензијата на договорот од страна на Русија. „Америка одбива да дејствува во согласност со своите обврски, а исто така ги отфрли предлозите на нашата земја за глобалните безбедносни прашања. Така, ја уништи архитектурата на меѓународната стабилност“, рече шефот на Думата, Вјачеслав Володин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.