Околу 100 медицински списанија во светот, меѓу коишто и повече престижни гласила, денеска испратија повик за елиминација на нуклеарното оружје во светот.

Меѓу водечките медицински гласила се: „Би-ем-џеј“ (BMJ), „Лансет“ (The Lancet), „JAMA“ и „Њу Ингланд журнал“ (New England Journal of Medicine). „Опасноста е сериозна и расте“ – гласи оценката по зголемената употреба на нуклеарно оружје во Украина, новите севернокорејски ракетни тестови итн. Се бара блокирање и неширење на нуклеарното оружје.

„Земјите со нуклеарно оружје мора да ги отстранат своите нуклеарни арсенали пред да нѐ елиминираат нас“, се наведува во написот.

В недела се навршуваат 68 години од американското нуклеарно бомбардирање врз јапонскиот град Хирошима во Втората светска војна – прв таков напад во историјата на човештвото.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.