Најмалку 50 луѓе загинале, а неколку се киднапирани кога вооружени луѓе го нападнале селото Јаргоје во северозападна Нигерија.

Десетици вооружени луѓе на мотори упаднаа во селото во областа на локалната самоуправа Канкара во државата Кацина доцна во неделата“, изјави локалниот жител Хасан Јау.

Тој додаде дека не се знае колку селани се киднапирани или колку имоти се ограбени.

Една година откако нигерискиот претседател Бола Тинубу дојде на власт, ветувајќи дека ќе стави крај на широко распространетата несигурност, нападите на вооружените банди во северозападниот дел на земјата станаа речиси секојдневна појава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.