Францускиот претседател Емануел Макрон ќе пристигне во Катар за да присуствува на натпреварот меѓу француската и мароканската репрезентација, изјави француската министерка за спорт Амели Удеа-Кастера за радиото „Франс Инфо“.

– Деталите за патувањето се уште се разработуваат, но тој ја презеде оваа обврска и ќе ја исполни со задоволство, рече министерката.

Франција синоќа ја победи Англија со 2:1 во четвртфиналето на Светското првенство во 2022 година.

Во полуфиналето Франција ќе игра против Мароко. Средбата ќе се одржи в среда на 14 декември



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.