Како што опиша друг очевидец, пукањето започнало на влезот во салата. Според една жена, нејзината мајка стоела со сестра и во ред на влезот и мислеле дека доцнат на концертот.
– Мајка ми и сестра ми почнаа да бегаат, толпата почна да бега, струјата снема. Паднаа, некои луѓе ги кренаа. Потоа почнаа да си одат, но метрото беше затворено, отидоа некаде, на крајот направија круг и дојдоа до друг излез од зградата – раскажала жената.
– Бев во трговскиот центар Вегас, односно одев право кон него, а потоа видов маса луѓе како трчаат кон мене. Одеднаш се појавија голем број луѓе. Изгледаше како сите од Вегас (Мол) да излетале. Кога врескав и ги прашав што се случило, тие рекоа дека станува збор за терористички напад. Во моментов има полицајци насекаде – рекла вознемирена тинејџерка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.