Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави дека најголемата европска нуклеарна централа во Украина, Запорожје е „целосно вон контрола“ и Русија и Украина мора итно да дозволат експерти да го посетат комплексот со цел да се стабилизира ситуацијата и да се избегне нуклеарна катастрофа.
Гроси истакна дека ситуацијата во Запорожје, во градот Енерходар, што руските сили го зазедоа на почетокот на март, секој ден станува се поопасна.
Во електраната е прекршен секој принцип на нуклеарна безбедност. Она што е во прашање е крајно сериозно и опасно. Има парадоксална ситуација, централата е контролирана од Русија, но нејзиниот украински персонал продолжува да ги води своите нуклеарни операции, што доведува до неизбежни тензии и конфликти – истакна Гроси.
Тој додаде дека иако МААЕ има одредени контакти со персоналот во нуклеарната централа, тие се „нецелосни“ и многу вознемирувачки.
Според него прекинат е синџирот за набавка на опрема и резервни делови.
МААЕ, исто така, треба да изврши многу важни инспекции за да утврди дека нуклеарниот материјал е заштитен.
МААЕ мора да оди во Запорожје, како и во Чернобил, за да ги утврди фактите, што всушност се случува таму, да изврши поправки и инспекции и да спречи да се случи нуклеарна несреќа – посочи Гроси
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.