Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, најави дека оваа и следната недела ќе има повеќе консултации околу неговите повици Украина и Русија да се согласат за формирање безбедносна зона околу украинската нуклеарна централа Запорожје, што со месеци е под контрола на Русија.
Договорот за ваква безбедносна зона Гроси го бара повеќе од два месеци. Повеќекратните гранатирања околу најголемата нуклеарна централа во Европа во неколку наврати придонесоа за нејзино исклучување од мрежата и ги поттикнаа стравувањата од потенцијална катастрофа.
Гроси кажа дека главните прашања за кои се разговарало биле воената опрема и радиусот на зоната.
Во Виена тој кажа дека предлогот на МААЕ е „спроведлив“ и дека „тоа што го предлага е многу едноставно: не пукајте во централата, не пукајте од неа“.
Гроси смета дека таквиот договор ќе ја одрази „многу сериозната политичка посветеност на двете страни да престанат да прават нешто што сè уште се случува“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.