Белорускиот лидер Александар Лукашенко изјави дека лидерот на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин, веќе не е во Белорусија, туку во Санкт Петербург, пренесе Индекс, хр.

Тоа е руска компанија. Значи, прашањето очигледно не е за мене. Колку што сум информиран, борците се во нивните кампови. Што се однесува до Пригожин, тој е во Санкт Петербург. Тој не е на територијата на Белорусија – рече Лукашенко.

По драматичните два дена од пред 10 дена во Русија, тогаш Лукашенко соопшти дека е постигнат договор со руските власти и Пригожин тој да замине во Белорусија, како дел од договорот за ставање крај на неговиот обид за вооружен бунт.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.